Радев со критики кон македонските власти: „Нема промена во односот кон Бугарите“

Бугарскиот премиер Румен Радев со нови критики кон македонските власти.
Радев во Даблин изјави дека состојбата со правата на Бугарите во Македонија останува едно од прашањата што редовно ги покренува на меѓународно ниво.
„Ќе имам средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе. Тоа е многу важна средба, бидејќи ние треба да помагаме и сите европски држави да придонесуваме Советот на Европа сè повеќе да се зацврстува како гарант на демократијата, човековите права и владеењето на правото“, изјави Радев.
Тој најави дека и овојпат ќе го постави прашањето за положбата на бугарската заедница во Македонија, тврдејќи дека македонските власти не преземаат доволно чекори за подобрување на состојбата.
„Повторно ќе ја отворам темата за која разговараме секојпат, а тоа е дека нема промена во односот на властите на Република Северна Македонија кон нашите сонародници во оваа земја. Напротив, проблемите се продлабочуваат“, порача бугарскиот премиер.






