Втор пораз на македонските ракометарки на Европското јуниорско првенство

Македонската женска ракометна јуниорска репрезентација го претрпе вториот пораз на ЕХФ Европското првенство, откако попладнево во романскиот град Миовени загуби од Данска со резултат 39-27 (18-13) во рамки на второто коло во групата Д.

Македонските ракометарки беа резултатски рамноправни во воведните десет минути, кога при резултат 5-5 Данска со серија од 7-1 стекна висока предност која не ја испушти до крајот на натпреварот.

Ива Младеновска со седум голови беше најефикасна во македонскиот состав, додека Сара Стефаноска постигна еден помалку.

Македонските ракометарки в недела од 14:15 часот ќе играат против Чешка.

Back to top button
Close