Британка се лекува од коронавирусот 130 дена
Бридал се заразила додека била на патување во Мароко. На почетокот на март, 35-годишната жена се вратила во Велика Британија со првите симптоми. Неколку дена подоцна се тестирала, резултатите биле позитивни на Ковид-19.
Подоцна, состојбата и се влошила и не можела да дише самостојно. Таа била пренесена во одделението за интензивна нега и ставена на механичка вентилација. Бридал паднала во кома 40 дена. Жената почнала да развива пневмонија и сепса. Лекарите успеале да го обноват капацитетот на белите дробови на едвај 40 проценти.
Таа во моментов не е во состојба да се движи поради слабост на мускулите. Користи количка за одење, но се надева дека вежбањето ќе и помогне во обновата на мускулите.
Обединетото Кралство беше потешко погодено од другите европски земји од Ковид-19 и се наоѓа на деветтото место во светот по бројот на заразени – над 296 илјади луѓе. Повеќе од 45.000 од нив починале.