Ристески: Треба да се разгледа можноста недела повторно да биде работен ден


Недела да биде неработен ден е едно неправедно решение, не само за работодавачите, туку повеќе за синдикатите и вработените. Ако се плаќа со многу поголема дневница, зошто да му го скратиме правото на некој што сака да работи во недела, да оствари поголем поголем приход и зошто да дозволиме ако не се работи во недела да имаме одлив на луѓе во околните држави.

Ова денеска во гостување на ТВ Сител го рече заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, посочувајќи дека треба да се разгледа можноста недела повторно да биде работен ден.

Според него, такво барање има од стопанските комори и дека лично смета оти не треба да се исклучи таа можност.

„Ако ме прашање мене, зошто да не се врати недела да биде работен ден“,
кажа тој.

Сепак, Ристески нагласи дека станува збор за негов личен став и дека прашањето треба да се разгледа на Економско-социјалниот совет, при што треба да се земат предвид и веќе стекнатите права на работниците.

„Треба да видиме дали тоа би било позитивно за македонската економија или негативно, бидејќи политички ад хок решенија не се добри за оваа држава“,

Back to top button
Close