Унгарскиот премиер наскоро ќе ја посети Украина: „Русија е агресорот, Украина е жртвата“


Унгарскиот премиер Петер Маѓар најави дека наскоро ќе ја посети украинската област Закарпатија, каде што живее бројна унгарска заедница, но истовремено побара Киев да ги исполни обврските за заштита на правата на малцинствата.
Најавата ја соопшти пред пратениците во унгарскиот парламент, без да открие датум за посетата. Маѓар потсети дека последен пат во Закарпатија бил во 2024 година, кога бил во опозиција, а сега ќе се врати како премиер.

„Од почетокот на војната ниту еден унгарски премиер не ги посетил Унгарците во Закарпатија. Тоа наскоро ќе се промени“, порача тој.

LANDOV Горан: Имам снимки дека брат ми бил дома во времето кога наводно била истурена бојата
Правата на унгарското малцинство, особено употребата на мајчиниот јазик и образованието на унгарски, со години се чувствителна тема во односите меѓу Будимпешта и Киев. Во јуни двете земји се договорија за план од 11 точки за подобрување на малцинските права, но дел од предвидените мерки сè уште треба да се спроведат.

Сепак, Маѓар зазема помалку конфронтирачки став кон Украина од неговиот претходник Виктор Орбан. Во октомври тој соопшти дека со украинскиот претседател Володимир Зеленски се договориле за воспоставување нова основа во билатералните односи.

Обраќајќи им се на пратениците, унгарскиот премиер изрази солидарност со жителите на Закарпатија и со украинскиот народ, осврнувајќи се и на руските напади врз регионот на 17 ноември.

Тој ги поврза настаните со семејната историја, потсетувајќи дека неговиот дедо како дете во 1944 година морал да го напушти Мукачево со семејството по влегувањето на советските сили.
Русија е агресорот во оваа војна, а Украина е жртвата“, нагласи Маѓар, но повтори дека Унгарија не се согласува со испраќање оружје за Киев.

Тој се осврна и на преговорите за следниот седумгодишен буџет на Европската Унија, почнувајќи од 2028 година, оценувајќи дека тие треба да се водат одделно од прашањето за финансиската помош за Украина.

Маѓар најави дека за буџетот ќе разговара со лидерите на Чешка, Полска и Словачка на средбата во Братислава. Притоа порача дека Будимпешта не може да го прифати најновиот предлог подготвен од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Back to top button
Close