Јалова проверка на црните пари во правосудството на Балканот

Имотот на третата власт се проверува само на хартија

Артур Малај е поранешен виш управен судија од Албанија. Тој е еден од околу 800 судии и обвинители, кој беше подложен на процесот на детална проверка наречен ветинг.

Постапката пред надлежната комисија за него заврши успешно. Не било пронајдено ништо спорно, иако имало укажувања дека има контакти со криминалното подземје, и дека има непријавена луксузна вила во Валона. Сепак, кога во проверката прсти „вмеша“ комисијата меѓународни експерти, кои се дел од процесот на ветинг во Албанија, наодите беа поинакви. Првичната одлука беше обжалена, а дополнителната проверка засекогаш му ја запечати судиската кариера, пишува БИРН.

Судот утврди дека Малај не го открил потеклото на најмалку 45.000 евра. Токму ова беше доволно за да биде разрешен од судиската функција. Неговите наводни врски со подземјето и со луксузната вила во Валона, судот не ги испитуваше.

Вилата во Валона која наводно судијата Малај не ја пријавил | Фото: ASL

Малај е само еден од 359-те судии и јавни обвинители што биле разрешени заклучно со 31 јануари годинава во процесот на ветинг во Албанија, кој почна во 2016 година. Тоа значи дека досега, околу 45 проценти од судиите и обвинителите не ја поминале проверката.

Со тоа, Албанија практично ја „десеткува“ третата власт и стана единствената земја oд балканските држави што под меѓународен мониторинг ја спроведува најригорозната проверка во правосудството, наречена ветинг.

Иако ветингот не помина без проблеми, резултатите од оваа проверка наидоа на поддршка од поддржувачите на Албанија во Европската Унија и во САД.

Корупцијата во правосудството е проблем на целиот Балкан, но ниедна друга земја не го следеше примерот на Албанија.

Стан во Шпанија

Претседателот на судот во Босна и Херцеговина, Ранко Дебевец, беше сослушан поради наводите дека не пријавил стан во Шпанија | Фото: БИРН

Кога при процесот на ветинг во Албанија кај судија или обвинител ќе се појави спорно збогатување, од каде доаѓаат парите не треба да докажува специјалната комисија за ветинг, туку судијата или обвинителот, кои се под лупа.

Комисијата потоа организира јавна расправа каде што ги презентира наодите, како и одговорите на судијата или обвинителот. Доколку наодите се докажани, тогаш се донесува одлука за разрешување, на што постои право на жалба. Процесот активно го следат претставници на меѓународната заедница.

За разлика од Албанија, каде што имотот е дел од процесот на ветинг, во земјите од регионот, како прв и најчесто единствен филтер се сметаат – јавно објавените податоци. Но, и тој не функционира насекаде.

(…)

Во Македонија има вкупно 34 основни судови. Во 2020 година, Антикорупциската комисија го известила Судскиот совет дека 12 претседатели на судовите не поднеле анкетен лист. Тоа значи дека за една третина од претседателите на македонските судови, тоа не претставува проблем. И овде приказната завршува.

Експретседателката на Судскиот совет, Весна Дамева потврди дека известувањето на ДКСК „не било ставено на дневен ред на седница на Судскиот совет на РСМ, ниту е поведена дисциплинска постапка за судија/претседател на суд“.

А непријавувањето имот или значителното збогатување претставува потешка дисциплинска повреда, за која, судијата може да биде и разрешен од функцијата.

Иако во Македонија постои кривично дело противправно стекнување и прикривање имот, за што е пропишана затворска казна од шест месеци до пет години, плус парична казна, до денес јавно не е познат случај, во кој, судија или обвинител загубил функција поради тоа што не можел да докаже од каде му потекнува имотот.

Поранешен в.д. претседател на судот во Струмица платил 300 евра затоа што не поднел анкетен лист со изборот на функцијата. Бидејќи ја платил глобата во законскиот рок од 8 дена, износот бил преполовен за половина, односно во буџетот уплатил 150 евра.

Кога му престанал мандатот како в.д. претседател на судот, повторно не поднел анкетен лист, па ДКСК му поднела нов прекршочен налог.

Но, овојпат судијата не го платил прекршокот. Почнал да се докажува со Комисијата дека тој не бил избран и именуван, туку привремено ја вршел функцијата. Освен тоа, објаснувал и дека прекршокот му е застарен и дека глобата за физичко лице не може да биде поголема од 250 евра според Законот за прекршоци. ДКСК тие негови аргументи не ги прифатила.

(…)

повеќе

Back to top button
Close