Related Articles
ИЈЗ: Над 1.700 случаи на грип за една недела, бројот двојно зголемен јануари 8, 2026 12:13 Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, информира дека во текот на првата недела од 2026 година во Македонија се пријавени 1.725 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип, што е за 2,2 пати повеќе во споредба со претходната недела. Најголем дел од заболените се лица на возраст од 15 до 64 години (749 случаи), по што следуваат деца од 5 до 14 години (618), деца од 0 до 4 години (229) и лица над 65 години (129). Најмногу случаи се регистрирани во Скопје, Тетово и Куманово. – Advertisements – Андоновска апелираше на почитување на општите превентивни мерки – избегнување собири и затворени простории со многу луѓе, ограничување на контакт со лица кои имаат симптоми на кашлица и кивање, редовно миење раце, проветрување на просториите, како и внесување доволно течности, лесна храна, витамини и минерали. Таа нагласи дека лицата со симптоми на грип треба да останат дома и да се јават кај матичен лекар, а родителите да не ги носат децата со симптоми во училиште или градинка, со цел да се спречи понатамошно ширење на вирусот. Според Андоновска, се очекува пикот на грипот по завршувањето на зимскиот распуст и почетокот на второто училишно полугодие
08.01.2026 12:57
Фокс њуз: Трамп одобри царини од 500 проценти за земјите што купуваат евтини енергенси од Русија
08.01.2026 12:40
Можеби ќе ве интересира
Close
-
Аман веќе со Бугарите, има ли нешто друго
08.01.2026 11:51






