Во несреќа кај Тополчани загина 36-годишна жена од Прилеп

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале товарно возило „фиат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.Б.(60) од Прилеп, патничко возило „ауди“, со бугарски национални ознаки, управувано од Б.Т.(22) од Битола и патничко возило „фиат добло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.К.(21) од Прилеп.

– Во незгодата на лице место починала В.В.(36) од Прилеп, сопатничка во патничкото возило „фиат добло“, додека возачот М.К. и Н.Д., сопатник од истото возило, како и возачот Б.Т. на патничкото возило „ауди“ биле пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош – информираат од МВР.

Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Прилеп.

Back to top button
Close