Македонија – Италија 1:1 во квалификациите за Европското првенство

Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено 1-1 (0-0) против големиот фаворит Италија, во натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство.

Во дуелот на Градскиот стадион во Скопје поведоа Италијанците со голот на Имобиле на почетокот на второто полувреме, а израмнувачкиот гол го посстигна Енис Барди со мајсторски шут од слободен удар во 81 минута.

По двата порази во низа од Украина и Англија, Македонија останува на четврта позиција на табелата со 4 бода, исто колку што има Италија, но со меч помалку. Украина е втора со 7, а Англија лидер со 13 бодови.

Back to top button
Close