Fiat Chrysler и Waymo склучија договор за развој на автономни комбиња

ВаFiat Chrysler Automobiles (FCA) и Waymo која е во сопственост на Аlphabet Inc. денеска потпишаа ексклузивен договор за заеднички развој на лесни комерцијални автономни возила, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Соработката предвидува ангажман за интеграција на автономната технологија Waymo Driver кај фургоните Ram ProMaster произведени од FCA. Покрај тоа, FCA ќе ги произведува овие комбиња за курирската служба Waymo Via.

Партнерството меѓу FCA и Waymo е уште еден удар врз компанијата Aurora, со која FCA соработуваше околу автономни технологии од почетокот на 2019 година. На американската компанија, која е под контрола на Amazon и Sequoia, веќе по вторпат и е откажана соработка на ова поле.

Лани и Volkswagen прекина соработка со Aurora, а во корист на нејзиниот конкурент Argo AI.

Компаниите FCA и Waymo всушност соработуваат од 2016 година. Компанијата во сопственост на Аlphabet Inc. соработува и со други производители како Volvo, Nissan, Renault и Jaguar. Притоа, FCA и Volvo Waymo се партнери за создавање автономни автомобили од четврто ниво.

Back to top button
Close