Министерски состанок за интегрирањето на Ромите во рамки на процесот на проширување на ЕУ

Министерство за труд и социјална политика денеска е домаќин на годишен министерски состанок, четврти по усвојувањето на Декларацијата на  Министерство за труд и социјална политика денеска е домаќин на годишен министерски состанок, четврти по усвојувањето на Декларацијата на партнерите од Западен Балкан за интеграција на Ромите во рамките на процесот на проширување на ЕУ – Познањска декларација.

Земји учеснички, покрај Република Северна Македонија, се и Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.

-Целта е да се оцени напредокот постигнат во изминатите 12 месеци, да се идентификуваат преостанатите предизвици и да се разговара за конкретни чекори на коишто треба да се даде приоритет во наредната година, соопшти МТСП.

Состанокот со поздравни обраќања ќе го отворат министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, евроамбасадорот Дејвид Гир и Жељко Јовановиќ, директор на Канцеларијата Ромски иницијативи, а најавени се и видеообраќања на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и Ана Лирман, државен министер на Германија за Европа и клима.

По завршувањето на настанот предвидена е прес-конференција на која ќе бидат истакнати заклучоците од состанокот.

Back to top button
Close