ЦУК информира дека утре ќе има краткотрајни прекини со снабдувањето на електрична енергија во повеќе делови од Скопје
Од Центарот за управување со кризи информираат дека утре заради планирани технички зафати на главниот далекувод „Југ Нова“, ќе има краткотрајни прекини со снабдувањето на електрична енергија на територијата на Град Скопје, од 04:00 до 19:00 часот согласно информирањето на Електродистрибуција Скопје. Конкретно прекините на електрична енергија ќе бидат во реонот на населбите „Аеродром“, „Пролет“, „Мичурин“, „Кисела Вода“, „Припор“, „Пржино“ и „Црниче“