Најмалку 13 жртви во пожарот во ноќен клуб во Мурсија
Најмалку 13 лица загинаа во пожар што зафати три ноќни клубови во Мурсија, град на југоистокот на Шпанија, соопшти денеска итната служба. Пожарот избувнал околу шест часот утрото по локално време.
Четири лица се пренесени во болница поради вдишување чад, а спасувачките служби трагаат по неколку лица кои се исчезнати по пожарот.
Пожарот избувнал околу шест часот во еден од клубовите, а се проширил и во два други соседни клуба, објави Ел Паис.Според шпански медиуми во клубовите имало роденденски забави и меѓу исчезнатите се пет луѓе од едно семејство и двајца нивни пријатели.