ВИДЕО: Ангелов покажа како бркаат мечка низ Жировница: „Проблемите изгледаат поедноставно од безбедна дистанца
Стојанче Ангелов, претседателот на Центарот за управување со кризи, на Фејсбук објави видео во кое се гледа како граѓаните на село Жировница бркаат мечка со батериска ламба низ улиците. „Ајде, ајде“ и „а,а“ се слуша додека мечката бега, а по неа се затрчуваат и кучиња.






