Вооруженото крило на Хамас тврди дека заробиле „десетици“ Израелци
Бригадите Изедин ал Касам, вооруженото крило на Хамас, тврдат дека заробиле „десетици“ Израелци за време на ненадејниот напад на Хамас извршен денеска.
„Ние им носиме добри вести на нашите (палестински) затвореници и нашиот народ дека бригадите Ал Касам имаат десетици заробени (израелски) офицери и војници“, наведе Абу Обаида, портпарол на милитантното крило, во објава на Телеграм.
„Тие се на безбедни места“, додаде Обаида.
Израелските одбранбени сили претходно денеска соопштија дека Хамас држат заложници и воени заробеници откако го започнаа својот ненадеен напад утрово.