Нема од кого да се плашиме, нема да застанеме додека не добиеме правда за нашите деца!“ – силна порака од татковците од Кочани


Татковците на загинатите деца во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Александар Наунов и Томче Стојанов, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ изразија благодарност за медиумската поддршка и за континуираното известување за нивната борба за правда.

Наунов истакна дека родителите немаат што да кријат и дека благодарение на новинарите нивните барања и сведоштва допираат до јавноста, објави 4news.mk

„Сè што е направено, вие го прикажувате стопроцентно. Ништо не прикривате од нашите барања и од нашата борба. Ние нема од кого да се плашиме и нема да застанеме додека не добиеме правда за нашите деца“, порача Наунов.

Томче Стојков, пак, упати посебна благодарност за разбирањето и поддршката што семејствата ја добиваат преку медиумското известување

„Голема благодарност за вашето разбирање кон нас и за поддршката што ни ја давате и ја пренесувате во јавноста. Доста беше прикривање на вистината, доста беа манипулациите. Еднаш мора сè да излезе на виделина“, истакна Стојков.

Тој нагласи дека новинарите не треба да се плашат од влијанија и притисоци од моќници, туку да продолжат професионално да ја информираат јавноста.

Според Стојков, токму во медиумите родителите гледаат разбирање и поддршка во нивната борба за утврдување на одговорноста за трагедијата.

Двајцата татковци порачаа дека нема да се откажат од барањето правда за своите деца, а улогата на медиумите, ја оценија како значајна за нивниот глас да продолжи да се слуша во јавноста.

Back to top button
Close