Косовските власти обвинуваат дека соработник на синот на Вучиќ учествувал во нападот во селото Бањско на северот на Косово
На социјалната мрежа Фејсбук, Свечља објави неколку фотографии од косовската лична карта и српска возачка дозвола на име на Милорад Јевтиќ, но и запленето возило со белградски таблички, за кое Приштина тврди дека е во негова сопственост.
На својата страница на Фејсбук, Свечља објави фотографии од косовската лична карта и српската возачка дозвола на Јевтиќ, како и од запленетото возило со белградски регистерски таблички, за кое вели дека е во негова сопственост.
„На местото каде што се случи нападот, полициските единици ги пронајдоа личните документи и автомобилот на Милорад Јевтиќ, што докажува дека тој бил во единицата што ја нападна косовската полиција. Терористот Милорад Јевтиќ е познат како еден од најблиските соработници на Данило Вучиќ, синот на српскиот претседател Александар Вучиќ“,
вели Свечља.
Свечља обвини и дека во последните пет посети на Данило Вучиќ на Косово, тој и Јевтиќ четири пати биле заедно во ист автомобил, за што како доказ објави извод од записниците на косовската полиција од граничните премини.
„Исто така, Милорад Јевтиќ е идентификуван како еден од напаѓачите на војниците на КФОР на 29 мај во Звечане. Останува безбедносните органи и истрагите да откријат дали покрај Вучиќ и високите српски државни структури, во планирањето и организирањето на терористичкиот напад во Бањска и Звечани бил вклучен и неговиот син“,
напиша министерот.
На ова веднаш жестоко реагираше претседателот на Србија и татко на Данило, Александар Вучиќ кој изјави дека Албин Курти е „единствениот терорист на Косово е Албин Курти, кој го убива и тероризира српскиот народ“.
Вучиќ реагираше на обвинувањата на министерот за полиција на Косово Џељал Свечља против неговиот син Данило
„Курти вечерва го обвини моето семејство, мојот првороден Данило, тој самиот не знае како дошол до ова, дека некако учествувал во, како што вели, терористичкиот напад во Бањска. Првата карактеристика на кукавиците што ја забележува секој е кога некој ги напаѓа туѓите семејства, децата, бидејќи тие секогаш изгледаат како најлесните мети. Данило, се разбира, нема ништо со ништо, освен што ги сака Србија и Косово и Метохија како дел од неа, во согласност со Повелбата на ОН“,
напиша Вучиќ.