Вучиќ му порача на Курти: Не грижи се за Данило, тој не е ништо како тебе
Српскиот претседател Александар Вучиќ негираше дека неговиот син Данило има некаква врска со нападот во Бањска.
„Курти вечерва го обвини моето семејство, мојот првороден Данило, дури ни тој самиот не знае како дошол до ова, дека некако учествувал во, како што вели, терористичкиот напад во Бањска. Првата карактеристика на кукавиците што ја забележува секој е кога некој ги напаѓа туѓите семејства, децата, бидејќи тие секогаш изгледаат како најлесните мети. Данило, се разбира, нема ништо со ништо, освен што ги сака Србија и Косово и Метохија како дел од неа, согласно Повелбата на ОН. Се обидовте да му ја соблечете кошулата со куртата и долгите ракави, но не успеавте. Ја навредивте мојата ќерка на херојски и машки начин како што можете само вие. Терористот на Косово си само ти, затоа што го убиваш и тероризираш српскиот народ, а за Данило не се секирај, тој е храбар млад човек, никогаш и никако сличен на тебе. А на Шолак и домашните криминалци, за кои Курти уредува медиуми, само им велам дека нема да ја победат Србија“, објави Вучиќ на Инстаграм.
ПРЕПОРАЧУВАМЕ Се уште важат препораките во Осиек по големиот пожар во кој гореше пластика: Граѓаните да не излегуваат надвор
Косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свечља, претходно објави фотографии од личните документи на мажот кој наводно учествувал во нападот на 24 септември, со наводи дека е близок човек на Данило Вучиќ, синот на претседателот на Србија.