Турк: Опсадите што ги загрозуваат животите на цивилите се забранети со меѓународното право

Во воздушните напади на израелската војска врз Појасот Газа беа погодени станбени згради, вклучително и високи згради, како и училишта и објекти на Обединетите нации, што резултираше со цивилни жртви, изјави денеска високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк.

„Меѓународното хуманитарно право е јасно: Обврската постојано да се води грижа за да се поштеди цивилното население и цивилните објекти е на сила цело време за време на нападите“, рече Турк, цитирајќи информации собрани од неговата канцеларија.

Реагирајќи на најавата на израелскиот министер за одбрана Јоав Галант дека блокадата на Појасот Газа ќе биде засилена, Турк во соопштение наведе дека „опсадите“ кои ги загрозуваат животите на цивилите се забранети со меѓународното право

Back to top button
Close