Видео снимка од расплакан возач на Брза помош во Газа го обиколи светот

Спасувачки екипи во Газа се обидуваат да организираат извлекување на повредените од урнатините. Има голем број жртви.

Видео снимка од возач на Брза помош кој плаче во возилот, свесен дека не може да се спасат сите, го обиколи светот.

Според информациите, болниците се при крај со залихи, а прекините на струја го продлабочуваат ужасот на војната предизвикана по крвавиот напад.

Цели градски блокови се срамнети со земја, а непознат број тела се под купиштата урнатини, се наведува во извештаите на светските медиуми.

Back to top button
Close