“Хитлер би бил горд на вас” – Ер Канада суспендираше пилот кој ги поддржа терористичките напади на Хамас
Ер Канада потврди дека суспендирала пилот откако тој напишал серија вознемирувачки објави по нападот на Хамас врз Израел во текот на викендот.
Следбениците на Фејсбук на Мустафа Ез и се пожалиле директно на авиокомпанијата откако тој објавил серија шокантни изјави меѓу кои:
„Ебати Израел, горете во пеколот“ и опишувајќи го Израел како „терористичка држава“.
“Хитлер е горд на вас“, напиша тој во друга објава.
Според Торонто Сан, Езо се уште е вработен, но е суспендиран. Во соопштението на „Ер Канада“ на „Х“, претходно „Твитер“, се додава: „Свесни сме за неприфатливите објави од пилот на Ер Канада. Ја сфаќаме оваа работа многу сериозно и тој беше отстранет од служба во понеделник, на 9 октомври. Силно го осудуваме насилството во сите форми“.