Киев: Русија уништи 300 илјади тони жито откако се повлече од договорот

Русија погоди шест цивилни бродови, 150 пристанишни и житни објекти и уништи повеќе од 300 илјади тони жито откако во јули се повлече договорот за безбеден извоз на украинска храна преку Црното Море, соопшти денеска украинската влада, пренесоа британските медиуми.
Дваесет и еден брод веќе биле натоварени со жито за извоз и го користат новиот хуманитарен коридор за жито во Црното Море што Киев го објави во август. Според украинската влада, вкупно 25 бродови влегле во украинските пристаништа за да бидат натоварени






