Потресен апел од тештата на шкотскиот премиер, заробена во Газа: Ова е мое последно видео

Елизабет Ел-Накла, тештата на шкотскиот премиер е заробена во Газа и поради постојаните офанзиви на Хамас не може да се евакуира.

Инаку, таа е пензионирана медицинска сестра од Шкотска и мајка на сопругата на шкотскиот премиер Хумза Јусаф, а на патувањето заминала со сопругот.

Премиерот на својот Твитер профил објави видео на кое жената му се обраќа на своето семејство, но и на целиот свет.

„Ова е Елизабет Ел-Накла. Таа е моја тешта. Пензионирана медицинска сестра од Шкотска. Како и огромното мнозинство на луѓе, таа е во Газа и нема никаква врска со Хамас. Ѝ беше кажано да го напушти овој град, но е заробена со остатокот од населението.„ напиша Хумза на својот Твитер профил и објави видео.

На видеото жената зборува како да е последното нешто што ќе го направи и се прашува што се случува во денешно време.

„Ова ќе биде моето последно видео. Сите од Газа се упатени овде. Милион луѓе, без храна и вода, и продолжуваат да ги бомбардираат додека си заминуваат. Сите овие луѓе не можат да се евакуираат. Каде е човештвото? Каде се човечките срца и што се случи? Господ нека ни е на помош“, рекла Елизабет во видеото.

Back to top button
Close