Терористите на Хамас објавија видео со киднапирани израелски бебиња
Вооружени мажи на Хамас држат си играат и се сликаат со киднапирани израелски деца и бебиња во вознемирувачко видео кое самиот Хамас го објави.

Видеото прикажува маскирани мажи во униформи и војнички елеци и со замаглени лица како си играат со деца во куќа на непозната локација.
Во еден сегмент, постаро дете, не повеќе од 5 години, седи во скутот на еден од неговите киднапери додека терористот полека го ниша бебето, а на блиската маса јасно се гледа автоматска пушка.
При крајот на видеото, маж кој носи зелена лента за глава држи дете во секоја рака и директно зборува пред камерата на арапски.






