Ехуд Барак: Израел нема друга опција освен онаа што ја спроведува Нетанјаху
За Израел во оваа фаза практично нема друга опција освен онаа што владата на Бенјамин Нетанјаху ја спроведува во Газа, изјави поранешниот израелски премиер Ехуд Барак.
Говорејќи викендов за Радио 4 на Би-би-си поранешниот премиер кажа дека целта на таквата стратегија е да се осигура дека воените капацитети на Хамас ќе бидат уништени и дека управувањето со Појасот Газа ќе и биде предадено на Палестинска управа предводена од Фатах.
Тој, исто така, инсистираше на тоа дека Израел е целосно посветен на меѓународното право, но мора да ја ослободи израелската граница од контролата на Хамас, што тој го нарече „тип на операција на Ал Каеда“.