СЗО, Ердоган, Мишел, Арапската Лига го осудија „нападот врз болницата“ во Газа

FILE PHOTO: Turkey’s President Tayyip Erdogan addresses the 78th Session of the U.N. General Assembly in New York City, U.S., September 19, 2023. REUTERS/Brendan McDermid/File Photo

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус го осуди нападот врз болницата Ал Ахли во Газа.

– Повикуваме на итна заштита на цивилите и здравствена заштита, како и да се укинат наредбите за евакуација, напиша Гебрејесус на Х.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го нарече наводниот напад „последниот пример лишен од најосновните човечки вредности“.

– Напад на болница во која има жени, деца и невини цивили е најновиот пример за нападите на Израел без основни човечки вредности, напиша Ердоган на X.

– Го повикувам целото човештво да преземе акција за да ја спречи невидената бруталност на Израел во Газа, додаде тој.

Шефот на ЕУ, Шарл Мишел, нагласи дека таргетирањето на цивилната инфраструктура во Газа го прекршува меѓународното право.

Шефот на Арапската лига Ахмед Абул Геит ги повика западните лидери „веднаш да ја прекинат оваа трагедија, додавајќи дека „арапските механизми ќе ги документираат овие воени злосторства и криминалците нема да се извлечат со своите постапки

Back to top button
Close