Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху: Варварски тетористи ја бомбардираа болницата

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „варварските терористи“ во Газа ја бомбардирале болницата Ал-Алхи и дека израелската војска не е одговорна.

Израелските обрамбени сили ИДФ соопштија дека нивните разузнавачки информации покажуваат дека помалата палестинска милитантна група наречена „Исламски џихад“ е одговорна за нападот на болницата.

Портпаролот на ИДФ, потполковник Питер Лернер, изјави дека ракетата летнала од Газа, наменета за Израел, поминала во близина на болницата во Газа кога била погодена.

Вечерва гневни демонстранти се судрија со палестинските безбедносни сили на Западниот Брег поради смртоносниот воздушен напад на болницата.

Стотици луѓе излегоа на улиците во Рамала да протестираат против нападот.

Протестите беа иницирани  од поранешниот шеф на Хамас Калед Мешал кој  ги повика приврзаниците веднаш да организираат протести пред израелските амбасади ширум светот.

Палестинскиот претседател ја откажа средбата со Џо Бајден. Махмуд Абас ја откажа планираната средба за утре со американскиот претседател Џо Бајден, соопштија високи палестински претставници.

Back to top button
Close