Подигнато обвинение против Урош Б. за масакрот во близина на Младеновац

Вишото јавно обвинителство во Смедерево денеска поднесе обвинителен акт против Урош Б., кој е обвинет за убиство на девет, повредени 12 лица и обид за убиство на уште 20 во селата Дубона и Мало Орашје на 4 мај 2023 година.

Покрај Урош Б., обвинение е подигнато и против неговиот татко Радиша Б., вујко Горан Г. и братот на вујкото Борис Г. од Крагуевац, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Урош Б. се товари за кривични дела тешко убиство, недозволено изработување, производство, чување, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, киднапирање и неовластено користење туѓо возило.

Back to top button
Close