(Видео) Демонстранти упаднаа во зградата на Капитол Хил: Бараат итен прекин на огнот во Газа

Пропалестински демонстранти влегоа во Конгресот на САД и го окупираа. Полицијата сега за сега не реагира.

Полицијата во главниот град на САД почна да апси демонстранти, вклучително и групи предводени од американски Евреи кои носеа транспарент „Евреите велат – прекинете го огнот сега“, пишува Вашингтон пост.

Жалете ги мртвите и жестоко борете се за живите“, пишуваше на друг транспарент што во зградата го донесоа околу 400 претставници на една од еврејските заедници.

Поединците носеа традиционална еврејска облека, додека повеќето носеа маици на кои пишуваше „Не во наше име“.

Полицијата набрзо почна да ги апси демонстрантите, оправдувајќи го таквиот потег со тоа што немаат дозвола за влез во зградите на Капитол Хил

Протестот беше организиран од групата „Еврејски глас за мир“, која на налогот на платформата Х напиша дека „бара да се стави крај на геноцидот врз палестинскиот народ, кој е потпомогнат и поттикнат од американската влада“.

Back to top button
Close