Околу 500 американски Евреи уапсени во протестот во американскиот конгрес
Околу 500 евреи меѓу кои и 20 рабини се уапсени при протестирање во Конгресот на Соединетите Американски Држави во Вашингтон, каде што протестираа против „тековното угнетување на Палестинците од страна на Израел“, според Еврејскиот глас за мир, групата што ги организираше демонстрациите.

Демонстрантите, многумина облечени во кошули на кои пишува „Не во наше име“, беа опкружени од полицијата додека седеа на подот од фоајето на конгресната зграда, отворајќи голем транспарент на кој пишуваше „прекин на огнот“ .
Околу 10.000 луѓе исто така маршираа за каузата на улиците на главниот град на САД, соопшти еврејскиот глас за мир. „Го затворивме Конгресот за да привлечеме масовно внимание на соучесништвото на САД во тековното угнетување на Палестинците од страна на Израел“, напиша прогресивната еврејска организација на X.
Американската полиција соопшти дека ја исчистила зградата од демонстрантите до средата вечерта и дека во тек се апсења.






