Во Тел Авив поставена е маса со 203 места за заложниците на Хамас 

Потресната слика доаѓа од Тел Авив, каде за Шабат е поставена маса со 203 столчиња, со надеж дека заложниците киднапирани од Хамас во нападите на 7 октомври ќе бидат ослободени.

На масата се наредени чинии и чаши за вино, кои ќе го чекаат секој заложник што ќе пристигне дома, како и шалах – специјален леб кој се подготвува за посебни прилики како Шабат и големи еврејски празници.

На масата фоторепортерите снимија детаљ кој ја кине душата, шишиња за бебиња, што укажува дека меѓу киднапираните има и деца.

Изложбата е една од неколкуте јавни уметнички инсталации на Форумот на заложници и исчезнати семејства, кој беше формиран неколку часа по нападите на 7 октомври.

„Тоа е традиционален еврејски оброк во петок навечер, вклучувајќи вино и специјален леб. Имаме 203 седишта, вклучително и детски седишта, и ги чуваме празни додека не се вратат“, рече Нимрод Арлук, волонтер кој работи како технолошки претприемач.

Инаку, на плакатите залепени низ градот, покрај лицата на исчезнатите, е испишан слоганот „Донесете ги дома“.

Во близина, топ хартија од 20 метри им овозможува на луѓето да пишуваат пораки, кои групата планира да ги закачи пред Белата куќа.

 

Back to top button
Close