Мицевски: Истокот е празен поради системските грешки кои се случуваа изминативе седум години

На влезот во Пехчево навистина не можевме да видиме луѓе. Го памтам овој крај, го памтам за викенди – полна чаршија луѓе, улиците по градот полни со деца кои играат разноразни игри, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на денешната трибина „Иселување и демографија – предизвик за Македонија“ што се одржа во Пехчево. Тој констатира дека истокот е празен поради системските грешки кои се случуваат изминативе седум години.

„Во овие седум години променети се три министри за финансии, во моментот кога дојдоа таму се и основите на промашувањата на оваа власт, рекоа дека ќе го тргнат рамниот данок, тој данок покажа резултати во Македонија затоа што со вложувањето на добивките на бизнисот во државата се правеа нови економски зголемени капацитети во кои се вработуваа граѓани, за да по една година со промена на министер да се променуваат и економските политики на таа власт која на ден пред Нова година и почеток на фискална година реши да го воведе прогресивниот данок“рече тој.

Според Мицевски, денешните законски решенија кои власта ги нуди се само реакција од граѓаните. Кога одреден сектор ќе реагира и ќе застане, односно ќе каже дека има проблеми, тогаш власта измислува ад-хок мерки, смета тој.

„Еден од тие буџети го нарекоа инвестираме во човечкиот капитал. Човечкиот капитал не се само луѓето, човечкиот капитал се и условите во кои живеат и творат тие луѓе, за жал теоријата ја имаат затоа што донесоа и стратегија повеќегодишна за човечкиот капитал, за развојот на човечкиот капитал, меѓутоа во пракса се случува сосема спротивно затоа што нема семејство во Малешевијата, Пијанец, но нема семејство ни во Македонија каде младото работоспособно население не размислува и не ја напуштило Македонија“рече Мицевски.

Мицевски истакна дека на Македонија во наредниот период ѝ е потребен ресет на секое ниво.

„Приоритети во Собранието се друго. Само погледнете кои закони се носат со европско знаменце и ќе знаете каде се движи државата. Тоа е законот за игри на среќа, законот за до пред одреден временски период за отворање на фабрики на марихуани, тоа е размислувањето на ова власт. Тие гледаат како да дојдат до брзи пари“вели Мицевски.

Мицевски изјави дека во Македонија еден од клучните ресурси е човекот и околу него треба да се постават сите мерки кои ги најави.

„Мораме да размислуваме прво граѓаните, младите луѓе да ги задржиме, дел од нив да успееме со подобрување на економијата да ги вратиме. Да воведеме нови мерки карактеристични за секој регион“рече тој.

Back to top button
Close