САД бара Израел да ги заштити цивилите на Газа

САД веруваат дека Израел треба да направи се што може за да направи разлика меѓу палестинските цивили и милитантите на Хамас во неговата воена операција во Газа, изјави денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

Во интервју за Си-Ен-Ен, Саливан го повика и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „да го спречи насилството од страна на екстремистичките еврејски доселеници врз невините луѓе на Западниот Брег“.

Соочен со зголемениот бес поради израелското бомбардирање на Газа по смртоносните напади на милитантите на Хамас во Израел на 7 октомври, Саливан рече „ние не се залагаме за убивање на невини луѓе, без разлика дали се Палестинци, Израелци или други“.

Back to top button
Close