(ВИДЕО) Комбе полно со мигранти пропадна во ископаниот канал во Велес- повредени се 11-годишно дете и неговиот татко, возачот и совозачот се приведени

Комбе полно со мигранти вечерва околу 20 часот пропадна во ископаниот канал на главната велешка улица, помеѓу судот и Интернационал, пренесе Телма.

Комбето бегало од полиција и тргнало во спротивен правец на улицата „8-ми Септември“, од кружниот тек кон С`рмаале, но најверојатно, возачот не знаел дека улицата се реконструира, па паднал во шанецот.

Возачот и совозачот се фатени и приведени. Според првичните информации, македонската полиција заедно со припадници на ЕУЛЕКС, го следеле комбето уште од македонско-грчката граница.

Повеќе

Back to top button
Close