Ременски: Со внесувањето на бугарите во Уставот, ќе престане бугаризацијата на Македонија
Ременски вели дека игнорирањето на наднационалнатa цел и немање на обединувачка цел, може да не’ дестабилизира по повеќе основи.
Потсетувањето на важноста во исчекување на декемврискиот самит да се направи максимален напор на премерување на државните приоритети и тоа како ја гледаме иднината на државата на среден и долг рок, особено политичките чинители власт и опозиција, во контекст на сите регионални и глобални политички процеси, да видиме дали може конечно да се обединиме за наднациоанлниот интерес. Тоа значи дека наднациоанлиот интерес на двете етнички заедници албанци и македонци, вклучително и сите помали етнички заедници, мора да се обединат за нешто што ги обединува сите, не само една заедница, а гледаме дека на сите национална цел ни е членството во ЕУ. Игнорирање на таа наднационална цел и колку немањето на обединувачка цел може да не дестабилизира по повеќе основи, значи сериозен предизвик е надминувањето на целокупните партиски доктрини кои што значат добивање политички поени на некои претсојни изборни периоди, но за добивање стабилност и извесност на иднината на граѓаните и државата. Да, би гласала за уставните измени, зошто сметам дека со внесувањето на бугарите во Уставот, а кои статистички знаеме колку се, ќе престане процесот на бугаризацијата на Македонија, рече професорката Фросина Ременски, во вечерашната Само Вистина