Француски медиуми: Полицијата во Париз застрела жена која се заканувала дека ќе детонира бомба

Француската полиција отвори оган и рани жена која упатувала закани на железничка станица во Париз, изјави полициски извор за француски медиуми.

Според очевидци, жената, која била целосно прекриена, извикувала „Алаху акбар“ („Бог е најголем“) и се заканувала дека ќе детонира бомба, изјави изворот, пренесува францускиот портал Локал.

Според изворот, „полицијата пукала затоа што се плашела за својата безбедност“.

Жената е ранета во стомак и е во критична здравствена состојба.

Полицијата не пронашла експлозивна направа.

Back to top button
Close