Манчестер јунајтед победи на пет од последните шест натпревари во Премиер лигата и дојде на само шест бода до лидерот Арсенал


Манчестер јунајтед победи на пет од последните шест натпревари во англискиот фудбалски шампионат. Избраниците на тренерот Ерик тен Хаг вечерва го совладаа Евертон на гости со 3:0 во 13. коло.

Почнувајќи од 7 октомври Јунајтед загуби бодови само на натпреварот против градскиот ривал Манчестер Сити (0:3). Победи пет натпревари во Премиер лигата (Брентфорд, Шефилд јунајтед, Фулам, Лутон и Евертон) со вкупен резултат 9:2 .

Манчестер јунајтед е на 6. место на табелата со шест бода помалку од лидерот Арсенал.

Во следното коло Јунајтед на 2 декември ќе го пречека Њукасл.

Back to top button
Close