(Фото) Ова е едно од лицата кои го поставија албанското знаме на Попова Шапка!
Додека МВР го расчистува случајот со симнувањето на црковното знаме од Попова Шапка, Јетон Абдулахи од Тетово самиот на Фејсбук се пофали дека токму тој го симнал знамето.
Во 18.05 часот во ЦИК-Тетово, свештеникот од црквата „Св.Наум Охридски Чудотворец“ лоцирана на Попова Шапка, пријавил дека од страна на НН лице од јарболот на црквата е симнато црковното знаме и е поставено знаме на Албанија, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од министерството.