Уставните измени се обврска, процесот не завршува на 31 декември, вели Ковачевски
Седницата за уставните амандмани е отворена, дневниот ред е изгласан и се отвори дискусија во која што сите граѓани се уверија дека немаше ниту една забелешка во однос на поднесените амандмани. Процесот по 31 декември не се затвора. Тој ќе биде отворен се додека не биде реализирана обврската која Северна Македонија ја има согласно преговарачката рамка, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
Ковачевски на новинарско прашање што ќе се случи со уставните измени со оглед на тоа што крајот на година е крајниот рок за отворање на поглавјата, посочи дека тие уште се на дневен ред.