Костадиновска: Климентовото дело и мисла се трајно врежани во нашето културно наследство

Честитки по повод денешниот државен и верски празник Свети Климент Охридски, родоначалникот на македонската писменост и старословенска култура, порача министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

„Неговата мисија, желба за духовна храна и поткрепа на луѓето, како и неговата мудрост нека и денес нѐ сплотуваат и водат кон подобар живот, во овие времиња исполнети со многу предизвици. Климентовото дело и мисла се трајно врежани во нашето културно наследство, кои нѐ задолжуваат да продолжиме да ја чуваме македонската културната и јазичната посебност и да ја предаваме оваа обврска на идните генерации.

„Денес кога мојата алма матер го одбележува својот ден, имам уште една посебна гордост, како дел од наставно-научниот кадар на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола. Како единствен македонски универзитет кој е член на Европската универзитетска алијанса, останува активен партнер во општествено економските процеси, давајќи голем придонес во чувањето и унапредувањето на интелектуалното, научно и културно наследство. Нека е вечно сеќавањето и чествувањето на Св. Климент Охридски“, истакна таа.

Back to top button
Close