Исмет Гури сопартиецот на Изет Меџити го нема во куќниот притвор – се бара со потерница
Поранешниот заменик директор на Управата за јавни приходи кој е осомничен за голема даночна измама, полицијата не го нашла дома, иако му е одреден куќен притвор, потврдија за Фокус извори од Обвинителството и од Кривичниот суд.

Според информациите од Обвинителството, попладнево полицијци кои вршеле контрола на адресата на која ја пријавил Гури како место на живеење, не го нашле таму.
– По добиено известување дека Гури не е најден, Кривичниот суд распиша централна потерница по него.
Колку време Гури не бил дома, од надлежните нема информации објави фокус.мк
Во јули тој беше осомничен и уапсен во акцијата на МВР и Обвинителството, со која 15 лица се сомничат за даночно затајување и злосторничко здружување.
Прво беше во затворски притвор, а потоа му беше одреден куќен притвор поради здравствени проблеми.
Гури е од Чаир и првостепено е осуден за уништување изборен материјал на локалните избори во 2013 година.
Кога беше уапсен веќе беше разрешен од директорската функција во УЈП и беше близок со групата која се оддели од ДУИ, а потоа и формираше партија на чело со Изет Меџити.
Пред да биде уапсен Гури веќе имаше казна затвор од 3 години за изборни измами а за апсењето за злоупотреба на 850 илјади евра од позицијата заменик директор во УЈП тогаш таканаречите Огнени предводени од Меџити излегоа со коментар дека апсењето е заплашување и притисок врз групата која се отцепува од ДУИ и веќе е во фаза на формирање своја партија во која е и уапсениот заменик директор Гури.
фото фокус мк






