ПАРАСУДЕН СИСТЕМ

Ана Чупеска
Уште пред да се отелотвори како 3та, независна власт, судството од неговите пра-почетоци, овде, во земјава е во состојба осудена на парасудна состојба. Наместо правосуден систем, го именувам како п а р а с у д е н систем ( нешто како “пара” формација, ама и осудена од самата себе истовремено. Може и поповршно да се толкува оваа кованица: напр, како систем придвижуван од парични драјвови. Whatever.
Не е битна кованицата, битна е поентата. А тоа е дека местото на судството во системот на поделбата на власта, дефинитивно му е дислоцирано надвор од корпусот на кочниците и рамнотежата; скроз изместено и не се знае, ни каде е, а богами, веќе, ни што тоа е. Затоа за мене е парасудно тоа “нешто”.
Воспостсвените методи од груевизмот преку “тефтерчињата на Горде”, прво, ја парализираа целосно поделбата на власта претварајќи го правосудството во единица мерка за успешно потчинувањето кон извршната власт , поточно, единица мерка за негова очигледна тенденција да се соедини со егзекутивата; наместо да ја одржува поделбата на власта!
Потем, може да се потсетиме, на лажните дипломи за познавање на англиски јазик што беа поднесени баш од идните надежни обвинители и судии…Одговараше некој…не! Кажа некој кои се тие ? …не! Му фалеше влакно на некој? Не!
Или, Судија сам си преправал оценки и си издал лажно уверение за да исполни услов за академија!? И си седи и си ќути….и не само што не планира да се исели некаде подалеку од срам…нема намера ни да си даде оставка …Господе Боже!!!
И кој го воспоствува редот, интегритетот во судството?.
Мегапопулариот Судски совет!?!?…Најсмешниот од сите!!
Дури и Обвинителите сами си избраа шеф на ОЈО ГОКК – кој ни они самите не го познаваат!!
Така што ова со М-НАВ е само капка во океанот наречен правосуден циркуз кој ми текнува ”на прва”; да не навлагам во оние циркузантски жонглирања со предмети; па нивно застарување; па оние акробации на Јово Превара – кловнот – во улога на претседател на Врховен…Или, да не зборам за доверливоста, чесноста, моралот и интегритетот, кои, за жал во овој циркуз се на ниво на статистичка грешка.
Но, како што Мали Ѓокица ја разбира независноста на судската власт така правосудството си разви и свој сопствен ситем на парасудна власт со специфични каратериски, кои, најпрво ги устоличи груевизмот, а последователното негово неказнување ги охрабри парасудните инстанци да си роварат до миле воље- и кој- колку му се може.
Кај груевизмот, тоа се одвиваше преку практикувањето на т.е. авторитарен процедурализам и соединување со егзекутивата, па, денес се чини дека овој чир својата уставна независност ја разбира во апсолутни термини (на ниво на божества; пардон – само обожувачки тотеми). И тоа, подразбира целосно отсуство на широчина, која ја развива илузијата на легалност, без легитимитет, т.е. на авторитарниот процедурализам.
Преку ваквиот парасуден ракурс формално почитување на правните регули ги контролира/оправдува своите драматично недемократски пракси, со што се одзема можноста за субстантивна правда. Позната е флоскулата дека ‘’Се е во согласност со законите” но, исто така познато е дека законите овдека ја подразбираат и таа една невидлива спрега и инсталација која неуморно демне над # некои судии или парасудни инстанци – сеуште под нивна контрола се, мили мои Другарчиња.
Процедурите кои се гаранција за фер постапка и за доаѓање до правдата сеуште не постојат во полн уставен капацитет, или, уште полошо , не ретко, служат за прикривање на волјата на структури од кои дерман немаме.
Со тоа, во земјава, всушност е воведен и систем на двојна реалност: Една, каде луѓето живеат подведени под вољата и (авто)репресијата на инстаниците невидливи со голо око (но, сепак видливи и звучни имиња, се тоа), и втората реалност, која настојува да ги одржи во живот тие поштени луѓе кои не се малку, a работат во правосудството заедно со бранителите на човековите права – исто така, секојдневно сатанизирани од истите тие психопатски и крими фашистички инстанци.
Ако во груевизмот ги имавме истурените политики на окупираниот правосуден систем и тенденциозното судско изрекување казни, сега , точно е дека таквите постапки ги има , фала богу, снемано. Но, како некој side effect, во неказивоста, заедно сосе казните и судство се загуби – како такво! Од крајност во крајност се динамизира тој социјално-политички ентитет наречен во Уставот: право-судство!
Со други зборови, тогашното груевистичкото судство меѓу другите деформации што ги имаше, послужи и како посредник во казнувањето и ширењето атмосфера на страв и потчинетост во корист на владејачката партија. Во пост-груевизмот, денес, оно е во состојба на спротивна крајност; без грам одговорност, без себе.
Затоа, и нема начин некој да го убеди поштениот свет овде дека ветингот не е адекватен захват, и дека системот на заштита и гаранција на човековите права, опфатен со македонскиот Устав е операционализиран низ правосудниот систем. Такво нешто е fatamorgana, која сепак, неуморните правдољубци ја држат барем жива како идеја. И што да кажам повеќе од тоа дека ветингот во ваква една состојба би бил еден елементарен минимум и ништо повеќе од тоа. Но, и за тој минимум, мили мои, исто како и за уставните измени, потребен е консесус. Ќе го дочекаме ли тој ден, ever ?






