Османи: Неосновано е да ме спомнувате за кандидат за претседател. Информациите се целосно неточни

Поранешниот пратеник и поранешен градоначалник на Гостивар, професорот Руфи Османи ги демантира политичките партии на Албанците кои го споменуваат како можен кандидат за претседател на Македонија на изборите годинава. „Не сум разговарал и нема да имам никакви дебати со ниту една политичка партија“, вели Османи.

Руфи Османи преку соопштение ги демантира информациите дека ќе се кандидира за претседателската функција на државата на мајските избори.

Претходно од Европскиот сојуз за промени беше лиферувана информација дека Руфи Османи е нивен можен кандидат на изборите за претседател на државата.

Back to top button
Close