СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка

-СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка – напиша на фејсбук лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

-Организираната криминална група на Христијан Мицкоски сака да го заташка скандалот со Алта банка и да избега од одговорност.

🔎 Да сокрие сметки, трансакции, потекло на капитал, врските со криминалниот клан на Вучиќ… Да не се дознае кој потпишал и за чии интереси.

Мицкоски и Славески поднесоа пријави против опозицијата затоа што се во паника.

Сега е ред на СДСМ, на вистината и правдата.

📄 СДСМ поднесува кривични пријави за влезот на пералницата на пари на Вучиќ, за притисокот, за сметките и трансферите, за парите на граѓаните и јавните претпријатија.

⏳ Мицкоски, го копираш Вучиќ. Вучиќ падна. Истрагите се отвораат. Истото те чека и тебе – напиша Филипче.

Back to top button
Close