Унгарија заговара регионална фудбалска лига со клубови од Централна и Источна Европа
Претседателот на најтрофејниот унгарски клуб Ференцварош, Габор Курбатов, го актуализираше денеска во интервју за Инфостарт потенцијалното формирање фудбалски лига на Централна и Источна Европа.
„Со години размислуваме за тоа. Ние сме мал пазар, десет милиони луѓе. Водечките светски екипи имаат буџети од една милијарда евра. Ние како Ференцварош имаме 50 милиони евра и тоа нè ограничува, бидејќи спонзорите можеме да ги донесеме само за десет милини луѓе, а телевизиската гледаност е само за оваа земја“, изјави Курбатов.
Тој рече дека сите клубови од Централна и Источна Европа споделуваат исти проблеми.
„Потребен ни е поголем пазар. Размислете, ако тука играме со Црвена ѕвезда, загрепски Динамо, Лудогорец, Стеауа, Слован Братислава, тие натпревари би имале поинаква атмосфера, би биле поспектакуларни“, рече првиот човек на Ференцварош.