ГАЛЕРИЈА: Уметниците за женското обрежување – хорор кој трае
Борбата против осакатување на женските гениталии (FGM) во изминативе години беше инспирација на различни уметници меѓу кои и Аида Силвестри која направи серија „скулпторски фото-дела“ за да ја подигне свеста за оваа штетна пракса.
Во 2015 година, таа започнала да истражува за практиката, интервјуирајќи и фотографирајќи ги источноафриканските жени кои живеат во Лондон, а кои, како неа, биле подложени на ваков тип на осакатување.
Добиените дела ја сочинуваат изложбата Unsterile Clinic.
„Одбрав естетски да пристапам за да го намалам возмемирувањето кое темата го предизвикува” вели Силвестри во изјавата на нејзината веб-страница. „Се надевам дека овој пристап ќе ја направи темата подостапна за пошироката публика“.
Француската уметница Ованто која потекнува од централна Африка пак ги повикува набљудувачите да го преиспитаат нивното разбирање за осакатувањето на женските гениталии (FGM). Таа се надева дека преку културата ќе го промовира образованието и дијалогот и малку по малку ќе го „промени светот“.
„Постарите жени, кои и самите биле жртви претходно, продолжуваат да ја спроведуваат практиката врз своите ќерки и роднини. Само преку зголемување на нивната свест може да се направат првите чекори за искоренувањето на FGM“, вели Ованто.