ВИДЕО: “Жени во револт” изложба во Тејт модерн

Прва од ваков вид, изложбата “Women in revolt” (Жени во состојба на револт) отворена во британскиот Тејт до 9ти април е широко истражување на феминистичката уметност од страна на над 100 уметнички кои работат во Обединетото кралство.

Фокус на поставката е начинот на кој мрежите на жени користеле радикални идеи и бунтовнички методи низ кои оставиле непроценлив придонес во британската култура. Нивната уметност помогна да се поттикне движењето за ослободување на жените во период на значајни социјални, економски и политички промени.

Во 1970-тите и 1980-тите се појави нов бран на феминизам. Жените ги користеа своите личнк искуства за да создадат уметност, од сликарство и фотографија до филм и перформанс, за да се борат против неправдата.

Ова вклучуваше став за репродуктивни права, еднакви плати и расна еднаквост. Оваа креативност помогна да се обликува период на клучна промена за жените во Британија, вклучувајќи го и отворањето на првото засолниште за жени и формирањето на британското движење за црните уметници.

И покрај долгите кариери, овие уметнички биле често изоставени од уметничките наративи од тоа време. Ова ќе биде првпат многу нивни дела да бидат воопшто изложени. Преку нивната итна и моќна уметност посетителите ќе погледнат продуктивен, политички ангажиран збир на заедници, кои го сменија лицето на британската култура и го отворија патот за идните генерации уметници.

Back to top button
Close