Али Ахмети утре ќе објавува „голема вест“соопшти ДУИ без да ја каже темата
ДУИ објави дека нејзиниот лидер Али Ахмети утре ќе објави, како што велат од таму, „голема вест“.
„Утре, четврток, во 11:00 часот преку директен пренос на Фејсбук, Ахмети ќе ја соопшти големата вест“, сподели ДУИ на социјалните мрежи.
Претходно „големите вести“ што ги објави Ахмети беа „Зелената агенда“ на ДУИ и „првиот премиер Албанец“.
Инаку денеска проструи медиумска информација дека градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари,ќе биде кандидат за претседател на Македонија номиниран од ДУИ но дека за тоа допрва треба да се дискутира.