Таравари објави дека ги собрал потребните 10.000 потписи за претседател
Арбен Таравари попладнево информираше дека ги собрал потребните 10.000 потписи за кандидатурата за претседател.
Toj им се заблагодари на сите оние кои се потпишале за неговата кандидатура за претседател.
Ви благодарам на секој од вас што во рекордно време ја потпишавте мојата кандидатура за претседател!
Целата оваа кампања нека биде наменета за Вас!“, напиша Таравари на својот Фејсбук.