Синдикатот на МКЦ упати барање за решение до надлежните институции

Соопштение на Синдикалната организација на МКЦ:

Во текот на вчерашниот ден, 7 март се одржа состанок на Синдикалната организација на МКЦ со цел изнаоѓање на решение во врска со последните случувања во институцијата за непродолжувањето на договорите на 30-тина повеќегодишни хонорарно ангажирани лица.
На состанокот, вработените во ЈУ Младински културен центар како синдикална организација по консултација со правни лица, доставија барање до Државната комисија за спречување на корупција како најповикана институција, Градот Скопје, Министерството за култура, Советот на Град Скопје како и директорот и Управниот одбор на МКЦ со диференцијално толкување на спорниот член поради кој не беа продолжени договорите на хонорарно ангажираните лица во МКЦ, а поради кој е попречено нормалното функционирање на институцијата.
“ По препорака на Државната комисија за спречување на корупција за примена на член 8-а став 1 алинеја 3 од Изборниот законик, договорите на 30 лица кои беа хонорарно ангажирани Младинскиот културен центар Скопје не им се продолжени. Со оглед на тоа дека со ваквата препорака и подоцна донесена одлука, редовно ангажираните 30 лица остануваат без работа и се оневозможува понатамошното вршење на дејноста на Младинскиот културен центар Скопје, должни сме да укажеме на одредени законски одредби кои или не се земени предвид или истите погрешно се протолкувани, а кои треба да доведат до сосема поинаква препорака.
Согласно посочениот член 8-а став 1 алинеја 3 од Изборниот законик, изборот на Претседател на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите, не може да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци од буџетски средства или од средства на јавните фондови кои не се редовни месечни исплати, односно сите едногодишни трансфери и исплати или еднократни трансфери од буџетски средства или од средства на јавни фондови ниту да се отуѓува државен капитал ниту да се потпишуваат колективни договори.
Меѓутоа, согласно Законот за буџетите, буџетот на единките корисници се состои од основен буџет, буџет на донации, буџет на заеми и буџет на самофинансирачки активности. Согласно Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници, признавањето на приходите и другите приливи, расходите и другите одливи содржани во главната книга на буџетите и на буџетските корисници се спроведува според сметководствено начело на парично искажување. Согласно член 18 став 4 од посочениот закон, приходи од член 18 став 1 од Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници се наплатените приходи остварени по видови извори согласно со Законот за буџетите и Правилникот за класификација на приходите, како и приходите од самофинансирачки активности (сопствени приходи), приходи од кирии и закупнини, приходи од донации, приходи од кредити и позајмици и неданочни приходи.

 

Back to top button
Close